Општини

Гевгелија 11 часа без струја

Гевгеличани вчера поголем дел од денот и ноќта, или поточно цели 11 часа, беа без струја поради испад на 110 киловолтната трафостаница во Гевгелија, соопштија денеска од ЕВН.

По пријавувањето на дефектот, на терен веднаш биле испратени екипи за интервенција кои по извршеното детектирање ги приклучиле на мреќата приградските населби и граничниот премин Богородица, преку други напојни точки.

Градот Гевгелија остана во мрак до раните утрински часови, односно до половина час по полноќ, кога екипите успеале целосно да го отстранат дефектот и да го воспостават електричното напојување на градот по задолжителните безбедносни контроли.

Утрово снабдувањето со електрична енергија на градот беше нормализирано и засега се одвива без пречки, а остана само гневот кај дел од граѓаните кои беа принудени дел од домашната слава по повод празникот Митровден да ја минат со свеќи.