недела, 19. август 2018. Вести денес: 0
home Општини

Гевгеличани ќе плаќаат 50% поскапа вода

Власта во предизборните кампање ветуваше живот за сите граѓани, но откога е СДСМ на власт граѓаните увидоа покачување на нафтата, па еве сега и покачување на водата, а се очекува и да се покачи и цената за струја.
Гевгеличани ќе плаќаат 50% поскапа вода

Граѓаните на општина Гевгелија, Богородица и Миравци наскоро ќе ги добијат новите сметки за вода, кои ќе бидат повисоко за над 50% од досегашните.

-Сето ова следува откога советниците од СДСМ на општина Гевгелија ја изгласе оваа одлука на последната седница на совет во 2017 година, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија, Андон Сарамандов.

Вкупната цена за сметката за вода која вклучува три видови комунални услуги (вода за пиење, канализација и прочистување на отпадните води) ќе изнесува 31,43 денари за физички лица. Додека, за правните лица сметките за вода по кубик потршена вода, а со тоа и канализација и отпадни води ќе изнесува 62,67денари по метар кубен.

Со трошоците за прочистување на отпадните води сметките за вода ќе биде поскапа за 74,03%.

За оваа новост од општината информираа една недела од одлуката, но не ги информираат граѓаните кога ќе стапи на сила вградувањето на трошоците за прочистување на отпадните води во редовните сметки на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија.

Ова покажува дека цената на водаата и понатаму ќе се зголемува. Власта во предизборните кампање ветуваше живот за сите граѓани, но откога е СДСМ на власт граѓаните увидоа покачување на нафтата, па еве сега и покачување на водата, а се очекува и да се покачи и цената за струја.