Општини

ФОТО: Студеното време не беше пречка за одлична забава на „Питијада 2017“ – 50.000 посетители вчера уживаа во Велес

Ниту дождот, ниту студеното време вчеравечер не беа пречка огромен број граѓани да уживаат и да се забавуваат на втората вечер на „Питијада 2017“ која по 14-ти пат се одржува во Велес.

По настапите на Конективе Бенд, Карамба бенд, Група Виуртус и ДНК, атмосферата дополнително ја загреа легендарниот Здравко Чолиќ кој направи забава за паметење.

Според проценките над 50.000 посетители само вчера уживале во звуците на добрата музика и вкусот на одличната велешка пастрмајлија. Организаторите и за вечерва најавуваат одлична забава. Сите оние кои денес планираат да го посетат Велес ќе уживаат во настапите на RNB Neighbors Cyclone, Сифоник, Чикс, Група Соната, Тамара Тодевска, Суперхикс и за крај групата „Рибља чорба“.

На манифестацијата „Питијада 2017“ во Велес денес ќе се сече џиновската пастрмајлија подготвена од велешките пекари. Пастрмајлијата се подготвува од свинско и овчо или козјо солено месо наречено пастрма, а одозгора се полева со јајца. Во Велес овој специјалитет се прави од 1862 година или точно 155 години.

Манифестацијата е во организација на Општина Велес и градоначалникот Славчо Чадиев.