среда, 20. јуни 2018. Вести денес: 20
home Општини

Фатмир Дехари, кој сега е познат и како “командант Струмица”, за четири години касата на фирмата “Ас сењак” ја наполни со над 2 милиони евра?!

Жителите на Кичево имаат бројни дилеми за овој факт и различно коментираат за нетранспарентноста на првиот човек на градот Кичево, Фатмир Дехари. Тие прашуваат  дали Дехари го добил овој стан како награда за дадените тендери на  компанијата на г-дин Селаудин Арифи?
Фатмир Дехари, кој сега е познат и како “командант Струмица”, за четири години касата на фирмата “Ас сењак” ја наполни со над 2 милиони евра?!

Општина Кичево, од општина која треба да биде во служба на граѓаните, стана општина која е во служба на одредени бизнис кланови, кланови  кои го имаат “исцрпено” буџетот на општина Кичево со  милиони евра, на штета на граѓаните и во нивна корист и во корист шефот на општината, Фатмир Дехари, кој прави далавери со благајната на општина Кичево, пишува Журнал.

Фатмир Дехари, веќе е познат како “Командант Струмица” поради распределбата на средства за компании од Струмица за извршени обврски кон општина Кичево.

Во последно време, општина Кичево е цел на незадоволство на своите граѓани, поради занемарување и неможност на градоначалникот Дехари да ги раководи ресурсите на општината за нивна корист.

Журнал поседува неколку официјални документи на јавните набавки во општина Кичево со кои лесно може да се утврдат  финансиските малверзации од страна на градоначалникот Дехари и неговата “тајфа” кои ги прават на штета на граѓаните на оваа општина.

Врската со Фатмир Дехари на фирмата “АС СЕЊАК” во сопственост на Селаудин Арифи му помогна преку разни тендери од општина Кичево за четири години да апсорбира над 2 милиони евра.

Не случајно, градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, го избра станот на Селаудин Арифи за да живее со своето семејство. Иако според законските одредби, секој македонски службеник е должен целиот свој имот да го пријави во Антикорупциската комисија. Се сомнева дека станот од  200м2 каде што живее  Фатмир Дехари, му е подарен како надоместок или благодарност за дадените тендери на компанијата “АС Сењак” на Селаудин Арифи.

Тој не го почитува правилото и го нема пријавено  како недвижност од 200 м2, лоцирана на првиот кат во една населба  во Кичево, додека станот е изграден од фирмата „АС СЕЊАК” на Селаудин Арифи.

Жителите на Кичево имаат бројни дилеми за овој факт и различно коментираат за нетранспарентноста на првиот човек на градот Кичево, Фатмир Дехари. Тие прашуваат  дали Дехари го добил овој стан како награда за дадените тендери на  компанијата на г-дин Селаудин Арифи?

Покрај оваа компанија, во мрежата на финансиски малверзации на Фатмир Дехари е исто така и компанијата Дукла.

Значи фирмите “Сењак” и “Дукла” имаат ист сопственик, пријателот и партнер на Фатмир Дехари, “АГАТА” Селаудин Арифи, кој поседува акции и во фабриката “Европа”. Но, дали овие акции  навистина се негови?!

Во сите нормални земји во светот по објавување на такви документи, дури и во случај на пријавување од страна на граѓаните, во таа институција се врши официјална ревизија. Потпирајќи се на ваквото законско право, државниот завод за ревизија на Република Македонија, треба да ја провери и анализира целата документација на Кичево, со цел да се спречи понатамошна злоупотреба на граѓанските средствата на општина Кичево за лична корист, а не за доброто на граѓаните.

Граѓаните чекаат реакција на Државната ревизија во општина Кичево.