четврток, 26. април 2018. Вести денес: 154
home Општини

Еден месец „Мој општинар“- граѓаните на општина Кавадарци позитивно реагираат на овој проект

Еден месец „Мој општинар“- граѓаните на општина Кавадарци позитивно реагираат на овој проект

Измина еден месец од почетокот на проектот „Мој општинар“. Овој проект е прв ваков проект во Македонија. Градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, го презентираше во предизборната кампања и уште тогаш имаше позитивни коментари од граѓаните.

За кратко време откако ја превзема градоначалничката функција успеа и да го реализира овој проект. По само еден месец како градоначалник, „Мој општинар“ од идеја премина во реализација.

Првата недела општинарите ја искористија за запознавање на своите реони и запознавање со граѓаните, а веќе во наредниот период започнаа проект „За убаво Кавадарци“.

„За убаво Кавадарци“ ќе биде еден долг процес во кој најголемо учество ќе имаат општинарите.

Се чистат сите помали и поголеми диви депонии во градот. Секој општинар според потребите на својот реон организира акции со кои дивите депонии исчезнуваат. Освен депониите се чисти и целиот град. Се решаваат мали проблеми за кои треба малку работа, но до сега не биле решени.

Најважно од се е што граѓаните на општина Кавадарци позитивно реагираат на овој проект, некои од нив и помагаат во решавањето на проблемите.

Преку проектот „Мој општинар“ се надеваме дека ќе се подигне и свеста и одговорноста кај граѓаните. Сите напори и целиот труд кој се вложува треба да биде ценет пред се од граѓаните и тие безрезервно да се вклучат во создавањето на убаво Кавадарци.

Опремата, односно униформите на општинарите и апаратите со кои работат се донации од кавадаречките фирми Екстра Бус, Метал Апостолов, Велком Трејд, Павер Трејд, Градба Промет, Кожувчанка и Ја-Ми.

Во иднина очекуваме уште поголеми резултати и уште поголема комуникација помеѓу граѓаните и општинарите од проектот „Мој општинар“, како и реализација на поголеми проекти, велат од општина Кавадарци.