вторник, 21. август 2018. Вести денес: 50
home Општини

Дојде живот и во Гевгелија, поскапуваат такси услугите

Дојде живот и во Гевгелија, поскапуваат такси услугите

Од 1 март година Гевгеличани ќе плаќаат поскапа цена за такси услугите. Резултат на тоа е поскапувањето на цената на нафтата, при што Здружението на такси возачи достави барање до Советот на општина Гевгелија. Тоа барање беше прифатено од Советот на општина Гевгелија.

Со поскапувањето на нафтата, почнаа и зголемување на цените на трошоците, а се зголеми и цената на такси превозот. Пред покачувањето на нафтата цената на такси превозот во Гевгелија изнесуваше 50 денари за поминати 2 километри. Откога владата на СДСМ ја зголеми цената на нафтата , такси превозот за поминати 2 километри сега изнесува 61,5 денари.

Слична е и ситуацијата во Скопје, при што пред некое време такси компаниите даваат попуст од 40% за такси услугата, а сега даваат попуст од 20% .

Со доаѓањето на СДСМ на власт народот во Македонија почна да осиромашува. Најпрво СДСМ започнаа со поскапувањето на цената на нафтата, потоа на цената на водата, а се очекува и покачување на цената на струјата.