Општини

Џез поп рок вечери во Ресен

На градскиот плоштад во Ресен од утре до 21 јули  љубителите на џез, поп и рок музиката ќе имаат можност да проследат настапи на четири различни бендови и изведувачи.

Утревечер ќе настапи „Васил Хаџиманов Бенд“ од Белград, на 19-ти јули домашната група „Персиди“, а на 20-ти јули „Ние запирка другарите“. Четиридневниот музички спектакл ќе заврши на 21 јули, кога ќе настапат „Блубери“ и Оли Китан.

Џез поп рок вечерите во Ресен се во организација на Домот на културата „Драги Тозија“, со поддршка на општина Ресен и градоначалникот Ѓоко Стрезовски.

Од локалната самоуправа истакнуваат дека ова е уште една можност љубителите на овие музички жанрови да уживаат во летните денови во настапот на значајни музички имиња.