понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 162
home Општини

Девојче е првата принова во Кичево во 2018-та

Девојче е првата принова во Кичево во 2018-та

Првпат по четири години и во кичевската општа болница на почетокот од новата календарска година има принова, откако Азбије Мехмеди село Грешница Кичевско на свет донесе здраво женско дете по име Инара, тешко 3.700 грама.

– По само две минути од доаѓањето на Новата година, во нашата болница на свет дојде здраво девојче тешко 3.700 грама. И мајката и девојчето се во добра здраствена состојба, ова е четврти пород на оваа жена од Кичевско. рече д-р Ѓорѓе Дичоски, гинеколог од Кичево

Според него, во болницата во минатата година имало нешто над 300 породувања, што е незначително намалување во однос на претходните години.

– Бројот е намален од причина што нашето одделение има дефицит од гинеколози и анестезиолози и тоа ги мотивира идните родители породувањето да го извршат во некоја од болниците во соседството или во Скопје, при покомпликувани бремености, додаде Дичоски.