Општини

Дел од Кичево без вода за пиење

Уште од раните утрински часови дел од градското подрачје на Кичево е без вода за пиење.

Како што информира ЈП „Комуналец“, корисниците кои живеат на улиците „11 Септември“, „Ибе Паликуќа“, „Мехмед Мехмеди“, „Мевлана“ („Душан Јовески“), „Енгелсова“, и „Јордан Пиперка“, имаат прекин во снабдување со вода за пиење кој ќе трае се до 14 часот.

Оттаму додаваат дека причина за прекинот во водоснабдувањето е поправка на водоводната мрежа и замена на старите со нови водоводни цевки.

Јавното претпријатие апелира граѓаните да имаат разбирање за прекинот во водоснабдувањето.