Општини

Чествување на Св. Димитрија во општина Зрновци

Голем број верници од општина Зрновци и од кочанскиот регион присуствуваа на утринската света Божествена литургија во зрквата „Свети димитрија“ во Зрновци, со која чиноначалствуваше митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од Кочанското архиерејско намесништво.

– Посебно ме радува присуството на голем број верници на денешното празнување на Светиот Димитрија. Македонскиот народ сплотен во Македонската православна црква Охридска архиепископија знае да ги празнува  овие верски празници и масовно да присуствува во нивното одбележување. Посебно сум горд што во овој свет храм почна фрескосликањето со што богатството од фрески и икони ќе биде побогато и подостапно до вернците, истакна Иларион во своето обраќање.

Прославата почна синоќа со празнична вечерна богослужба посветена на Светиот Димитрија кој е заштиник на жителите на општина Зрновци.