Општини

Автомобил удри во група луѓе на тротоар во Лондон, неколку лица повредени

Неколку лица се повредени попладнево кога автомобил удри во група луѓе на тротоарот пред Природонаучниот музеј во Лондон, соопшти лондонската полиција.

 

Во соопштението се посочува дека полицијата во 14.21 часот по локално време (15.21 по средноевропско време) била известена за „судар“ пред Музејот, што се наожа во Јужен Кенсингтон.

– Се верува дека се повредени одреден број пешаци. Во тек е истрага за утврдување на околностите и причините за инцидентот, соопшти полицијата, додавајќи дека во врска со настанот е приведено едно лице.

Полицец прустен на местото во време на инцидентот за Би-Би-Си изјави дека верува оти пешаците минале со „минорни“ повреди.

Природонаучниот музеј е една од најпопуларните туристички атракции во Лондон.