Општини

Асфалтирана улицата „Илинденска” во Демир Капија

Заврши асфалтирањето на улицата „Илинденска” во Демир Капија, со ширина на коловозот од 5,5 метри и должина од 660 метри.

За ова денеска информираа од Службата за односи со јавноста при демиркаписката општина.

– Претходно на оваа улица се изврши отстранување на оштетениот асфалт, проширување на дел од улицата, се изгради атмосферска канализација, тампонирање и вградување на ивичници, соопштија од прес службата.

Оттаму додадоа дека средствата се обезбедени од буџетот на општина Демир Капија.

– Паралелно со реконструкцијата, ЈКП “Бошава” од Демир Капија изврши приклучување на новата водоводна мрежа, се со цел за поквалитетно снабдување на населението со вода за пиење. Покрај ова на дел од улицата во должина од 180 метри, се постави и нова фекална канализација, нагласија од Службата за информирање при локалната самоуправа Демир Капија.