istrazi-ja-makedonija
Освежено 23:12:41
Петок, 18 Мај 2012
Сподели
Споделете ја веста со Вашите пријатели

Базирајќи се на финансиските параметри од 2009 година, од кога на чело на општината е прф. д-р Руфи Османи, општина Гостивар заедно со уште девет други општини од Македонија, е предизборна во првата фаза на Проектот за локална самоуправа (МЛГА) на УСАИД за одредување на едногодишен кредитен рејтинг на општината.

18.11.10-usd-t240Ова му го соопшти на градоначалникот Руфи Османи и на претставниците од ЛЕР, лидерот на тимот за планирање, капитално буџетирање и кредитирање на општините, Ѓорѓи Јосифов. На информативната средба која се оствари во просториите на Општина Гостивар, Јосифов информираше дека по анализите на буџетската структура кои ќе се извршат во втората фаза, ќе се селектираат 4 општини за кои проектот МЛГА ќе кофинансира за одредување на кредитен рејтинг, кој ќе го спроведе меѓународната компанија MOODY’S.

Општините кои ќе бидат избрани, ќе имаат можност да се претстават на меѓународниот финансиски пазар и на главните меѓународни страници со одреден финансиски рејтинг, базирајќи се на реални индикатори.

Тоа дава можност и за зголемување на странските капитални инвестиции, бидејќи кредитниот рејтинг ја потврдува финансиската моќ и успешното менаџирање со општинските средства.

Преку проектот МЛГА, до сега само на три најуспешни општини во минатото во Македонија, им било одреден финансиски рејтинг. Пред-селекцијата на општина Гостивар во првата фаза на овој проект, уште еднаш ја потврдува успешноста во финансиското менаџирање на сегашното раководство на општината.

banner-vmro-zk-300x250
  • 24 часа
  • 7 дена
  • 30 дена

Избор на уредникот

Тужбата на Ел Масри е застарена и треба да се одбие

News image

Во Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска почна јавната судска расправа ...

Над 100 кинески компании во Чингдао ги слушнаа поволностите за инвестирање

News image

Македонската делегација предводена од премиерот Никола Груевски која веќе неколку ден...

Ексклузивно видео и фото: Влезот во Аеродром

News image

Влезот на општина Аеродром доби нов, современ и препознатлив изглед.

Македонија ќе извезува вино во Кина!

News image

Најголемиот дистрибутер на вино во Кина ќе потпише договор со девет винарски визби од...