istrazi-ja-makedonija
Освежено 23:12:41
Петок, 18 Мај 2012
Сподели
Споделете ја веста со Вашите пријатели

Од денес до 25 март, Проектот за локална самоуправа финансиран од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) организира студиска посета во Република Хрватска.

_split500

Оваа студиска посета е дел од поддршката што Проектот за локална самоуправа на УСАИД  ја обезбедува на општините кои веќе учествуваат во програмата за добивање кредитен рејтинг (Гевгелија, Гостивар, Илинден, Куманово и Штип) и кои имаат изразено интерес да бидат меѓу првите општини во Република Македонија кои ќе извршат емисија на општински обврзници.

Во насока на натамошно развивање на пазарот на капитал за локалните самоуправи, а посебно пазарот на општински обврзници, а имајќи го во предвид позитивното искуство на хрватските општини во тој поглед, Проектот за локална самоуправа на УСАИД ја организира оваа студиска посета за група градоначалници и вработени од општините кои ќе бидат директно задолжени за водењето на целата процедура во врска со издавање на општинските обврзници.

Во рамките на планираната студиска посета, самите учесници ќе имаат можност да се запознаат со конкретните искуства на градовите Ријека и Сплит во областа на издавањето на општински обврзници, од аспект на подготовка, емисија и реализиација на проект.

Воедно, учесниците на студиското патување ќе ги посетат и објектите чијашто изградба била финансирана по пат на општински обврзници. Исто така, ќе  бидат одржани и состаноци со сите институции кои имале значајна улога во целиот процес, како што се Загребачка берза, Хрватска агенција за надзор на финансиските услуги (ХАНФА), како и Привредна банка Загреб, која ја имаше улогата на агент за издавање на општинските обврзници за неколку градови во Хрватска.

Покрај градоначалниците и вработените од општините, учесници на студиската посета ќе бидат и претставници на Министерството за финансии, ЗЕЛС и Комисијата за хартии од вредност.

banner-vmro-zk-300x250
  • 24 часа
  • 7 дена
  • 30 дена

Избор на уредникот

Тужбата на Ел Масри е застарена и треба да се одбие

News image

Во Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска почна јавната судска расправа ...

Над 100 кинески компании во Чингдао ги слушнаа поволностите за инвестирање

News image

Македонската делегација предводена од премиерот Никола Груевски која веќе неколку ден...

Ексклузивно видео и фото: Влезот во Аеродром

News image

Влезот на општина Аеродром доби нов, современ и препознатлив изглед.

Македонија ќе извезува вино во Кина!

News image

Најголемиот дистрибутер на вино во Кина ќе потпише договор со девет винарски визби од...