Вести

Зошто некој сака да ја замолкне дискусијата околу штетните последици од прифаќањето и реализирањето на Тиранската платформа?

ВМРО-ДПМНЕ не ја блокира работата на Собранието, туку го користи правото за дискусија загарантирано со Деловникот и со Закон.

zaev-sobranie

Во минатото бевме сведоци на блокади во Собраниет токму од страна на СДСМ и ДУИ. Непринципиелно и опасно е ограничувањето на слободата на дискусија и носи ризици од предизвикување на сериозни преседани и инциденти. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да предупредат на сите штетни последици од прифаќањето на Тиранската платформа.

Во изминатиот период, принципот на филибустеринг (бескрајни говори на Сенаторите со цел блокирање на одредени предлози) масовно се користи во Соединетите Американски Држави, што предизвикува сериозно одлагање на именувањата на новата администрација. Во Сенатот соодносот е 52 Републиканци, 46 Демократи и двајца независни.

За да го прекинат ова, Републиканците ги менуваат правилата, намалувајќи ја можноста за филибустеринг. Тоа наидува на сериозни реакции во јавноста која го критикува намалувањето на ова демократско право.

Иако во американската јавност моментно се обвинуваат Републиканците за ускратување демократското право, сепак Демократот Том Дашл, кој во времето на Џорџ Буш беше лидер на мнозинството во интервју за „Real Clear Politics“ вели дека за намалувањето на овие демократски можности за филибустеринг повеќе се виновни Демократите.

Тој беше лидер на мнозинството во Сенатот во времето кога Џорџ Буш беше избран за Претседател во 2000 година. Демократите го искористија своето мнозинство во Судската Комисија за да го одолговлечат избирањето на номинациите на Буш. Меѓутоа, откако Демократите го загубија мнозинството во 2002 година, почнаа невидени партиски опструкции врз комисијата против предлогот на Буш за нов судија, Мигел Естрада, пишува Daily Caller.

-Неговата номинација беше одолговлекувана повеќе од две години. Тие го блокираа гласањето само поради политички причини, изјави Буш во тоа време.

Во 2003 година, Естрада ја повлече од номинацијата.

caller

За опструкциите на СДСМ и ДУИ во Собранието потсети главниот и одговорен уредник на Информативната редакција на ТВ Алфа, Коле Чашуле во неговата емисија „Седмица“.

-Зарем толку им е кратко памтењето на СДСМ и ДУИ па стигнаа они да обвинуваат за блокада на Парламентот? Талат Џафери ќе зборува за опструкција?- запраша Чашуле и потсети на 2012 година кога Џафери се обидуваше да си го искаже својот револт во Собранието- молчејќи.

-На тој Талат Џафери начин ја закочи процедурата за носење на Законот за бранителите. Откако првите денови зборуваше се и сешто, а рекордот е говор од околу 8 часа, Талат реши да замолчи и своето деловничко право да се јави за збор го користеше молчешкум, па дури и си читаше книга. Немаше деловнички начин кој владејачката ВМРО-ДПМНЕ можеше да го спречи. Судбината на тој закон ја знаеме сите, вели Чашуле.

Според него, иронија е тоа што Талат Џафери во 2012 година го искористи Деловникот за да спречи донесување на Закон, а сега ги обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека со своите говори и реплики го блокирале Собранието.

Чашуле вели дека ова не е единствениот пример на опструкции од страна на другите партии.

– Непосредно пред молкот на Џафери во истата година, СДСМ за неколку месеци поднесе над 40 закони, по кои Собранието дебатираше со месеци, пратениците на ДПА го опструираа речиси целиот парламентарен период од 2008 до 2011 година, поради амнестијата на хашките случаи. Опструкции правеше и ДУИ кога беше во опозиција во 2007 и 2008 година, поради тоа што тогаш сметаше, сега не, дека е победничка албанска партија на изборите во 2006 година и дека таа треба да биде партнер на ВМРО-ДПМНЕ во власта, истакна Чашуле.

Инаку собраниската говорница беше заглавена и во февруари 2007 година, кога СДСМ и ЛДП поднесоа на 2 и пол илјади амандмани за менување на собранискиот деловник.