Вести

Животот дојде и повлечени машините кои го градат автопатот Кичево- Охрид (ФОТО)

Повлечена е механизацијата и работниците од автопатот Кичево- Охрид кој почна да се гради од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако вкупниот прогрес на градежните работи на овој автопат е некаде повеќе од половина, сепак со доаѓањето на владата на СДСМ, неговата изградба е прекината.

Инаку, овој автопат се сметаше дека е најголемата капитална инвестиција, а владата на ВМРО-ДПМНЕ за него издвои 374 милиони евра.

На автопатот Кичево- Охрид работеа околу 1.200 работници и околу 500 машини. Должината на автопатот е 57 километри.

Според проекциите, тој треба да биде завршен на почетокот на идната година, но прашање е дали воопшто ќе биде завршен зашто неколку недели по доаѓањето на СДСМ на власт, механизацијата и работниците не се своите работни места.