Вести

Жителите на Љубанци: Ќе се собираме секојдневно се додека СДСМ не ја отфрли Тиранската платформа (ВИДЕО)

Македонија треба да остане таква каква што е, унитарна, без делби, без кантонизација и се знае дека македонскиот јазик треба да биде единствен на целата територија на Македонија, порачаа на денешниот масовен протестен марш жителите на село Љубанци.

Потенцираат дека како досега, така и отсега, секојдневно ќе се собираат се додека Тиранската платформа не биде отфрлена од СДСМ.

-Како и досега, така и отсега, ќе се собираме секојдневно, се додека таа Тиранска платформа не се одбие од опозициската партија и да ни наметнува туѓи јазици, двојазничност на парите и се останато што содржи во неа, велат жителите.

Тие прашуваат и што ќе се случи откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев коалицира во нова Влада со лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, кој јавно го негираше постоењето на Македонците.

-Ги гледаме и слушаме изјавите на Села, дека не негира, дека не постоиме ние како Македонци, не сме постеле ниту пред 100 години.  Сега гледаме дека Заев ќе коалицира со него, и ќе прави Влада. Што да очекуваме понатаму од тоа?, прашуваат жителите на село Љубанци.