Вести

Жестока расправија помеѓу поранешните сопартици Апасиев и Јовановиќ околу новиот данок за земјоделците

Синоќа Димитар Апасиев професор и член на партијата Левица на својот фејсбук профил ја критикуваше мерката која ја донесе владата на Република Македонија за повисок данок за земјоделците.  Димитар Апасиев напиша  дека владата и Министерството за финансии работат спротивно од тоа што го најавувале и тоа што го напишале во програмата а тоа е намалување на даночното оптоварување за сиромашните. Апасиев видно револтиран ја запраша новата влада и Министерството за финансии дали е правилно да се оданочува ситниот земјоделец кој заработува по 5.000 евра годишно што значи по околу 400 евра месечно кои до сега беа ослободени од данок, додека бизнисмени како Анѓушев од редовите на новата влада кои имаат милиони и земаат бонуси поголем данок за нив нема.

На ова реагираше  неговиот сопартиец актуелниот советник во Министерството за финансии и исто така член на Левицата Бранимир Јовановиќ кој напиша дека оваа мерка за оданочување на ситниот земјоделец со 2% било незначително и ја правдаше  одлуката со тоа дека на овој начин земјоделецот се ослободувал од обврската да сам пријавува данок во УЈП односно дека со оваа мерка откупувачот на земјоделските производи ќе треба да го пресметуваат и да го плаќаат данокот.

 

Апасиев саркастично му врати на одговорот на својот сопартиец дека 2% данок не е 0% данок и критикуваше дека владата на овој начин им го зема лебот од уста на земјоделците додека во исто време сака да прикаже дека е за нивно добро. Тој коментираше дека оваа логика им е прочитана во која сакаат да се прикажат како влада која спроведува мерки за доброто на граѓаните додека  подметнуваат како што ги нарекува тој „кукавичји јајца“ со оданочување на веќе ослободените од данок, понатаму со поскапувањето на дизелот и водата и воведување на нормата кај минималецот.Исто така ги критикуваше зошто не ја одложиле и оваа реформа за воведување на данок за ситниот земјоделец исто како што ја одложија мерката за прогресивно оданочување на која ќе се најдат на удар најбогатите луѓе во  Македонија.

Бранимир Јовановиќ коментираше дека овој закон е добар и дека не гледал причина зошто да не бидат оданочени земјоделците кога земаат доход и дека со тоа  мора да платат данок на доход.

Апасиев жестоко одговори дека можноста за  црниот доход кога станува збор за земјоделците е смешно да се дискутира бидејќи како што кажа тој земјоделците мака мачат со скапи семенски материјали кои имаат непроверен квалитет и голем удел во приносот имаат временските услови како што се суша и поплави. Апасиев истакна дека владините чиновници единствено им испраќаат комисии за штета додека оштета нема воопшто и истакна дека зелената мафија е таа која им го зема целиот профит додека за земјоделците остануваат само трошките . Апасиев направи анализа дека со тие пари мораа сами да си плаќаат придонеси  и лекови ако сакаат да земаат пензија што на крај сумата се сведува на 200 евра месечно.  На ова Апасиев додаде дека исто така нема навремена исплата на субвенциите што дотатно ја отежнува положбата на земјоделците.

Имено, со овој закон земјоделците кои заработуваат и суми под 300.000 денари ќе плаќаат персоналец.  Земјоделците кои не се регистрирани, после Нова година ќе плаќаат данок за секој продаден килограм од производите. Ова го предвидуваат измените во Законот за персонален данок на доход кои се веќе во собраниска процедура. Според постоечкото решение, земјоделците кои на годишно ниво од продажба на своите производи остваруваа приход до 300.000 денари беа целосно ослободени од плаќање персоналец.