Вести

Жената која утрово исчезна во Скопје е позната професорка

На социјалните мрежи се шири апел за помош за пронаоѓање на исчезнатата Сњежана Тројачанец.

-Драги пријатели,  Ве молам помогнете. Утрово е исчезната мојата најсакана Snjezana Trojacanec. Пред 7ч. Слаба, висока со прекрасни сини очи. Најверојатно е во пиџами и кафена јакна. Ве молам ако некој ја препознае, јавете. Населба Тафталиџе, стои во објавата.

Тројачанец е професорка на факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, член на Катедрата за здравје и благосостојба на животните, како и член на заедницата на Хрватите во Македонија.