Вести

„Здружение против осиромашување“: Зголемувањето на даноците само ќе го забрза крахот на економијата и ќе предизвика осиромашување на граѓаните

„Граѓанското движење против осиромашување“ повторно го блокираше булеварот пред Владата на Република Македонија, тие уште еднаш ја повикаа Владата веднаш да запре да си игра со иднината на граѓаните на Македонија.

 

-Граѓанското движење бара од СДСМ да се откаже од планот за зголемување на даноците, намалување на даноците и трошоците за придонеси од 27 на 25 проценти и да се откаже од непродуктивни трошоци, за сметка на зголемување на капитални инвестиции, како градба на патишта, училишта, градинки, поддршка на стопанството итн, изјави Јелена Стоилковиќ од здружението.

Стоилковиќ напомена дека движењето ќе протестира се додека Владата не се откаже од планот за било какво зголемување на даноците, бидејќи како што кажа зголемувањето на раст на трошоците за живот, осиромашување на компаниите и граѓаните.

-Зголемувањето на трошоците за живот и падот на стандардот веќе почна, цените се зголемија за 4 проценти, индустријата има пад на производство, економијата чувствува први последици. Зголемувањето на даноците само ќе го забрза крахот на економијата во државата и ќе предизвика осиромашување на граѓаните, изјави Стоилковиќ.

Таа предупреди дека доколку во иднина не се промени ништо, протестот ќе се прошири и ќе бидат блокирани повеќе крстосници низ градот Скопје.