вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 93
home Вести

Затвореници во „Идризово“ се степале за името Македонија

Затвореници во „Идризово“ се степале за името Македонија

Тепачка по кавга за името на Република Македонија, се случила помеѓу двајца затвореници во Казнено-поправниот дом Идризово, јави порталот dosie.com.mk, а веста утрово ја пренесуваат и други медиуми.

Наводно кавгата почнала во поуотвореното одделение на затворот, околу тоа дали е неопходно да се смени името на државата. Во размена на мислења, едниот затвореник му рекол на другиот дека името не е за поткусурување и продажба за политички цели. За ова, другиот одговорил со со пцовки и навреди.

Кавгата се вжештила , едниот од нив замавнал со бокс, навредениот успеал да се отргне и да возврати и бранејќи се, со еден удар успеал да го собори и тешко да го повреди „противникот“.

Натепаниот бил однесен во болница каде му била санирана скршеница на носот, а затвореникот кој се бранел завршил во самица.