среда, 21. февруари 2018. Вести денес: 37
home Вести

Затвореници сведочат за корупција во Идризово: Даде 1.500 евра, сабајле во 11 часот излезе

Затвореници сведочат за корупција во Идризово: Даде 1.500 евра, сабајле во 11 часот излезе

Порталот Досие.мк објави аудио снимка, разговор со еден од затворениците во Идризово кој револтиран од односот на надлежните со делење на решенијата за амнестија обвинува за корупција. Тој детално раскажува зошто многу затвореници за кои стигнало решение од судот се уште се во затворот.

Споменатиот портал веќе објави дека во затворот по чуден и необичен редослед се пуштаат затворениците. Во петокот истече рокот за судовите да ги достават решенијата, а затворот беше должен веднаш да ги ослободи. Но и денеска тој процес не е завршен, а затворенците кои добиле решенија велат дека нивните иако се со одлука на судот од пред неколку дена, се уште се внатре.

Аудио снимката од изјавата на завтореникот од Идризово може да ја слушнете тука.