вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 96
home Вести

Законите за реформи во судството не се усогласени со ВМРО-ДПМНЕ

Законите за реформи во судството не се усогласени со ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ ја лаже и домашната и меѓународната јавност. Законите за реформи во судството не се усогласени со ВМРО-ДПМНЕ. Реформите во судството мора да бидат во согласност со препораките на Европската комисија и Венецијанската комисија. Забелешките на ВМРО-ДПМНЕ ниту се прифатени, ниту се вградени во решенијата на СДСМ. Токму заради значењето на реформскиот процес во делот на судството, ставовите меѓу власта и опозицијата требаше да се усогласуваат на дополнителни средби на работната група, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Денешниот настап на заменик министерот за правда ја покажува несериозноста на СДСМ кон целиот процес. Станува се појасно зошто целосно се распадна претходниот состав на телото за реформи во судството. Несериозноста и неспособноста на СДСМ на крај ќе ја платат граѓаните на Република Македонија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Затоа оваа власт мора да биде поодговорна или час поскоро да си замине и да престане да прави штета на државата. ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција останува силно посветена на ЕУ и НАТО интеграциите и затоа смета дека реформите не смее да се сведат само на шминка со која што ќе се залаже домашната и меѓународната јавност, туку мора да ги исполнуваат европските критериуми“.