Вести

Захариев: Штип ќе го направиме најмодерен град во Македонија

Граѓаните ја цената мојата работа, на 50 илјади пациенти имам помогнато во овој град, на 50 илјади граѓани сум им влегол во својот дом и двор за да ги ислушам, а 25 илјади граѓани биле во мојот кабинет и секојдневно тие биле примани и тоа го ценат граѓаните и затоа ќе ми ја дадат поддршката во вториот круг, ова денеска на средба со граѓаните на Штип го истакна кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илчо Захариев.

-Нема сила што ќе го спречи штипскиот народ да го даде гласот за нас за тие што сме вредни, посветени и работливи и да ги казни сите оние кои ни спремаа погребни опела оваа изборна кампања, кои ширеа црна кампања против мене, моите деца и фамилија, нашата партија и раководството на партијата. Штипјани кој ме познаваат дај те го гласот за бројот 13 на 29 октомври и да победиме со нови дела, нема да застанам во понеделник на 30 веднаш започнуваме со работа, а Штип ќе биде најмодерниот град во Македонија, истакна Захариев.