Вести

Заев не прави разлика помеѓу Словенија и Словачка, не знае со министерот на која земја се сретнал

Зоран Заев и од позиција на премиер продолжува со своите гафови кои се одраз на сериозно незнаење и немање на елементарно знаење и познавање. Заев многупати до сега покажа дека не ги знае основните мерни единици од SI системот, дека не разликува хоризонтално од вертикално, но и многу други работи кои секој граѓанин со основно образование ги знае. Пред два дена Заев се надмина себе си па на официјалниот фејсбук и твитер профил средбата со со словачкиот министер за надворешни работи, Иван Корчок, ја означи и напиша како средба со словенечкиот министер, малата разлика во букви на овие две држави очигледно за Заев претставува забуна па можеби и не прави разлика помеѓу нив.

 

Како изгледа кога Зоран Заев не прави разлика помеѓу хоризонтално и вертикално погледнете во следното видео.

За разлика од остаткот на граѓаните на Република Македонија Заев не знае како се мери паднатиот дожд, па има потешкотии во објаснувањето.

Заев своевремено ги повика сите оние „кои што имаат уши, а се прават слепи“.

Струјата според најновот откритие на Заев се мери во бајти, не во вати, после оваа изјава немаше реакции од светските центри за развој на физиката и врвните научници, сигурно ја прифатиле како зададена, дека нели доаѓа од Заев лично.

Тешко на тој што Заев ќе го праша за бројки, тогаш премиерот почнува да пресметува, а јавноста доаѓа до фрапантни сознанија.

До овде на сите ни стана јасно дека на премиерот не му одат бројките, се разбира кога не станува збор за пари, зошто тие одлично ги брои, за се друго му оди со потешкотии, па така само за премиерот 180 дена не се исто што и 6 месеци.

Ова видео ја отсликува реалноста за Заев и можеби е најадекватно за да ја покаже збунетоста во која живее тој како личност.