Вести

Заев ја оправи Македонија, сега ќе ја реши и Северна Кореја

Откако премиерот Зоран Заев за нешто повеќе од 100 дена ги спроведе сите реформи и проекти кои ги вети во предизборната кампања и ја оправи Македонија, сега ќе ја „реши“ Северна Кореја.

 

Тој во обраќањето на 72. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк побара од Северна Кореја да се откаже од нуклеарната и ракетна програма.

Заев изјави дека Северна Кореја спроведува нуклеарни проби и ракетни тестови игнорирајќи ги повиците од меѓународната заедница.

– Длабоко сме вознемирени од унилатералните акции на Северна Кореја. Тие спроведуваат нуклеарни проби и лансираат ракети и покрај постојаните повици од меѓународната заедница да ги почитуваат резолуциите на Советот за безбедност. Веруваме дека мирната денуклеаризација на корејскиот полуостров е изводливо решение и затоа ја повикуваме Северна Кореја веднаш да се откаже од нуклеарната и ракетната програма и да го потпише и да го ратификува договорот за забрана на нуклеани проби, рече Заев.