петок, 23. февруари 2018. Вести денес: 80
home Вести

Временска прогноза до крајот на неделата- Од четврток пресврт во времето

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: И утре во крајните западни делови ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Во останатите делови преку денот ќе има сончеви периоди.
Временска прогноза до крајот на неделата- Од четврток пресврт во времето

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Облачно со локални врнежи претежно од снег, главно со слаб интензитет. Повеќе врнежи ќе има во планинските региони на северозападот и истокот од земјава, каде се очекува формирање или зголемување на снежната покривка. Формирање на мала снежна покривка до крајот на денот е можно понекаде и во пониските делови на северот од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе биде во интервал од 0 до 6 степени.

Во Скопската котлина облачно со слаби локални врнежи, во повисоките делови од снег, а во пониските од дожд и снег. Температурата ќе достигне 4 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: И утре во крајните западни делови ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Во останатите делови преку денот ќе има сончеви периоди.

Утре и во среда ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а температурата осетно ќе се зголеми.

Поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд се очекува во среда доцна попладне, како и во текот на ноќта кон четврток кога поради нагло заладување со силен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег.