понеделник, 22. јануари 2018. Вести денес: 53
home Вести

Во Македонија живеат над два милиони жители

Во Македонија живеат над два милиони жители

Во Македонија според статистистичките податоци на крајот на 2016 година бројот на жители изнесувала 2.073.702. Најзастапена е младата репродуктивна популација, 16,6 проценти се деца до 14 години, и 13,1 отсто се возрасни над 65 години.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека 2.144 лица се иселиле од Македонија а 8.887 ги промениле местото и адресата на своето живеење.

Во текот на 2016 година, вкупно се родени 23.199 деца, од кои 23.002 живородени и 197 мртвородени деца. Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34,1 отсто се живородени деца од мајки на возраст меѓу 25 и 29 години.

Вредноста на тоталната стапка на фертилитет во 2016 година изнесувала 1.50 живородени деца на една жена.

Од Државниот завод за статистика покажуваат дека најголемиот број од живородените деца 88 отсто се родени во брак и оти намалувањето на фертилитетот е резултат на одложувањето на стапувањето во брак во повозрасните години.

Во 2016 година склучени се 13.199 бракови, а бројот на разведени бракови е 1. 985. Просечната возраст при склучување на прв брак е 26,5 години за невестата и 29,3 години за младоженецот.

Бројот на умрените лица во 2016 година, изнесува 20.421 умрено лице, а просечната возраст кај мажите изнесувала 70,3 години, а кај жените 74,7 години. Најзастапени причини за смрт во Македонија биле болестите на циркулаторниот систем кои учествуваат со 53,5 отсто, потоа неоплазмите со 19 отсто, ендокрините, нутритивните и метаболичните болести со 5,5 отсто…

Како резултат на намалувањето на стапката на наталитетот и на зголемувањето на стапката на општиот морталитет, стапката на природниот прираст изнесува 1.2 отсто (на илјада жители) во 2016 година.

Извори на податоците за населението се пописите на населението спроведени во 1921, 1931, 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година.