петок, 21. септември 2018. Вести денес: 134
home Вести

„Во креирањето на политиките активно учество има секој еден член од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ“

„Во креирањето на политиките активно учество има секој еден член од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес се обрати на настанот организиран од Унијата на жени на партијата.

Тој порача дека „Жената со глас, по дефиниција е силна жена”.  Вели дека жените рушат стереотипи, и тие мора да се составен дел од процесите, од управувачките структури на компаниите, до високите структури во политиката, од културниот и општествениот живот, до тоа да се силна потпора на семејството.

-Нашата земја низ нејзината историја е изградена од силни жени кои активно учествувале во сите подеми и падови, и тие ќе продолжат да уриваат бариери и поразуваат предрасуди. Предизвикот е поголем, бидејќи ова е сложениот Балкан каде ѕидовите на поделби и препреки се преголеми, но сепак не и неуништливи. Затоа мотивот треба да биде и поголем, затоа што ние мора конечно да дебатираме за работите кои ќе не носат напред, да донесеме прогрес кој толку насушно и треба на нашата држава и да создадеме иднина. Нашите луѓе, нашиот народ осиромашува, станува гладен, понижен но во исто време премногу сит од политичари кои се занимаваат со демагогија, без притоа да донесат резултати, рече Мицкоски.

Мицкоски порачува дека клучот за одење напред и најдоброто оружје за рушењето на стереотипи е образованието.

-Образование базирано на вистинско знаење и проверени искуства. Во Македонија мора да се работи на искоренување на неписменоста, и никогаш не е премногу од многу литература и професионала надградба. ВМРО ДПМНЕ се поклонува на улогата на жената, и го почитува нејзиниот ангажман. Во креирањето на политиките активно учество има секој еден член од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која е најорганизираната политичка сила во оваа држава. Сте ја имале и ќе ја имате мојата поддршка сега и во иднина. Дозволете, кога влегуваме во деновите од неделата кога ќе се одблежи Меѓународниот ден на жената 8 март, најпрво да го честитам овој празник и да посакам успех во заедничката борба за економска, политичка и социјална рамноправност на жените. Клара Цеткин и Роза Луксембург ги направија почетоците, но патот мора да се изоди, за конечна победа насекаде и во секоја земја Тоа е процес кој несмее да запре, а Македонија е составен дел од тоа, посочи Мицкоски.