Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов со манипулации ја започна кампањата за Скопје

Петре Шилегов е прочитана книга, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Петре Шилегов и Зоран Заев се истите луѓе кои на минатите избори ветуваа живот, а донесоа сиромшатија, ветуваа плати од 500 евра, донесоа намалување на просечните плати, ветуваа нови работни места, а донесоа затворање на погони и фабрики, ветуваа проекти за млади, а не реализираа ниту еден проект, напротив им ги укинаа оброците на студентите. Така и сега Петре Шилегов со манипулации и веќе видени работи ја започна кампањата во Скопје. Ветуваат дека ќе го исчистат воздухот, а централната власт која е во рацете на СДС не превзема ниту еден проект за почиста животна средина. Напротив граѓаните мака мачеа цело лето со депониите во Струга, Куманово и Тетово, а централната власт не превзема ништо. Негрижата за граѓаните е очигледна. Граѓаните во изминатите три ипол месец имаа можност да го видат неспособното работење на СДС. Граѓаните сега повторно слушаат бледи ветувања и затоа на 15-ти октомври ќе кажат Не за Шилегов, НЕ за СДС, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.