Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога СДС е на власт владее несигурност и неизвесност по животот на граѓаните

Црната кампања на СДСМ го достигна дното во пресрет на вториот круг од локалните избори Членот на СДСМ Сафет Али кој е еден од најблиските соработници на кандидатот на СДСМ, Благој Бочварски е сликан со погребен венец за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и штипски градоначалник, Илчо Захариев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е врвот на една морбидна кампања на СДС и е доказ за аздисаноста и самоволието. Ова однесување доаѓа по низаата на брутални кршења на законите, нерегуларности, негативната кампања на притисоци и заплашувања. Секогаш кога СДС е на власт владее несигурност и неизвесност по животот на граѓаните. Јавноста беше сведок на напад на полицаец од Свети Николе, кој беше крвнички тепан и му се заканувале со ликвидација на него и на неговото семејство, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека исто така нападот врз претседателот на политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски, од луѓе блиски до врхушката на власта.

-Но аздисаноста на СДС не запре тука. На повеќе места во државата е пукано од огнено оружје од страна на активисти на СДС, но исто така искршени се и запалени се автомобили само неколку часа по завршувањето на локалните избори. Ова е само јасен показетел за тоа што не очекува во наредниот период и насока за тоа како СДС планира да ја води државата. Ваквото однесување на СДС ја води државата во хаос, незаконие и насилство по улиците. Одговорност мора да има, истакнаа од партијата.