Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски манипулира со допис од 2011-та, во изминативе 6 години не изградивме ниту еден објект за населување на мигранти

Владата на СДС преку Соросовите портали и апологети на бандитската власт на СДС, се обидува да го отргне вниманието од нивната стратегија за трајно населување во Република Македонија со илјадници мигранти, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ до јавноста, реакција на невистините на Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски во врска со мигрантите.

 

Владата на СДС преку министерството за труд и социјална политика и министерката Царовска има испратено дописи до општините во кои се бара обезбедување на локации за изградба на објекти за домување кои ќе бидат за населување на мигранти.

-Медиумите финансирани од Сорос, пренесувајќи го Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, манипулираат со дописи од МТСП од 2011-та година, кои што првенствено се однесуваат за изградба на социјални станови, за социјално необезбедени лица, или лица кои се раселени во Република Македонија, а потекнуваат од косовскиот конфликт од 90-тите, а не за мигранти од Сирија, случаи  кои тогаш и не беа проблем по интензитетот како што се сега, се вели во реакцијата.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ изминативе 6 години, откако е испратен дописот со кои манипулира Генералниот секретар на Владата Рашковски, не изгради ниту еден објект за населување на мигранти.

-СДС, Заев и Царовска треба да одговорат како ќе им обезбедат работа и егзистенција на десетиците илјади мигранти кои планираат да ги доселат во Република Македонија. Дали лицата кои ќе се доселат ќе имаат бесплатно здравство, бесплатно образование на штета на граѓаните на Република Македонија. СДС и соросовиете медиуми треба да престанат да ја лажат јавноста и да излезат и да дадат одговор на прашањата на кои граѓаните чекаат одговори за Стратегијата за мигранти, бегалци и странци 2017-2020 година, се вели во реакцијата.