Вести

ВМРО-ДПМНЕ помеѓу граѓаните на виничко

Тим на ВМРО-ДПМНЕ, предводен од Христијан Мицковски вчера беше во посета на виничко. Мицковски ги посети населените места Блатец и Липец, каде наидоа на голем одзив од граѓаните. Посетата е дел од акцијата на ВМРО-ДПМНЕ за теренска посета на над 1000 населени места во текот на месец јули.

 

Мицковски ги слушаше проблемите и грижите на граѓаните, кои се загрижени од политиките на СДСМ и насоката во која тие ја водат државата. Граѓаните беа особено загрижени поради најавеното зголемување на даноците и повторното враќање на прогресивниот данок, кој ВМРО-ДПМНЕ го укина во 2006 година веднаш откако дојде на власт, а кој предизвикуваше даночна евазија и помали приходи во буџетот.

Мицковски потенцира дека политиката на прогресивен данок е погубна за економијата и граѓаните и не носи раст и развој. Тој рече дека рамниот данок допринесе за зголемени инвестиции и отворање на нови работни места.

Сите предлози и иницијативи на граѓаните ќе бидат преточени во законска иницијатива во  Собранието и Советите на општините со цел- решавање на проблемите на граѓаните, за кои од СДСМ остануваат глуви, рече Мицковски.