петок, 16. ноември 2018. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Намести живот дојде беда, политиките на СДСМ ја водат државата кон економското дно

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека порастот на трошоците за живот е најголем пораст во последните неколку години и е доказ за неспособноста на СДСМ да ја води економијата.
ВМРО-ДПМНЕ: Намести живот дојде беда, политиките на СДСМ ја водат државата кон економското дно

Покачувањето на цените и порастот на трошоците за живот почнуваат да стануваат реалност. Според податоците на ДЗС за индексите на трошоците на живот и цените на мало, во јануари 2018 трошоците за живот пораснале за 1,1% во споредба со јануари 2017 година, а малопродажните цени бележат пораст за 2.3%, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Домаќинствата во Република Македонија благодарение на политиките на СДСМ денес трошат повеќе од пред една година, што дополнително ќе се одрази на нивниот животен стандард. Ова првенствено се должи на покачувањето на акцизата на дизел горивата од 3.5 денари, која ги зголеми трошоците за живот за течни горива за 12,7%, но и трошоците за транспортни услуги за 5,3%. Трошоците за живот во споредба со јануари 2017 се зголемени и за другите производи и услуги. Цените на мало исто така во споредба со јануари 2017 година пораснале и тоа кај земјоделските производи, индустриските производи, прехранбените производи и услугите, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека порастот на трошоците за живот е најголем пораст во последните неколку години и е доказ за неспособноста на СДСМ да ја води економијата.

-СДСМ е без идеја и продолжува со катастрофалните политики во економската сфера. Наместо нови вработувања имаме стотици отпуштања од работа. Наместо поволности за бизнисот имаме влошување на условите за водење на бизнис преку поскапување на основните средства за водење на бизнис. Младите не се враќаат, туку повеќе си заминуваат. Државата не ги подобрува условите, туку ги влошува. Политиките на СДСМ ја водат државата кон економското дно. Наместо живот дојде беда, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.