недела, 18. февруари 2018. Вести денес: 1
home Вести

Влада: Јавноста е целосно информирана, изнаоѓање взаемно прифатливо решение е можно

Влада: Јавноста е целосно информирана, изнаоѓање взаемно прифатливо решение е можно

На билатералната средба меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на Економскиот форум во Давос, прв пат после две децении се откочија процесите кои водат кон достоинствено решение на отворените прашања на Република Грција и Република Македонија како две соседни европски земји.

За демонстрираната добра волја од двете страни јавноста беше целосно информирана, соопшти денеска прес-службата на македонската Влада.

– Изнаоѓањето взаемно прифатливо решение е можно и за таа цел во тек е преговарачки процес. Потребна е добра волја и компромис од двете страни да се дојде до решение кое ќе ги почитува достоинството и идентитет на граѓаните на двете држави. За секој следен значителен исчекор во текот на преговорите јавноста ќе биде повторно целосно информирана, се наведува во соопштението од Владата