Вести

Вилијам Маршал: Македонија ќе стане главен центар за рушење на ерата на Сорос

Џудишал Воч го тужи американскиот Стејт департмент и УСАИД. Организациите на Џорџ Сорос, кои  во соработка со Стејт департментот, Амбасадорот Џес Бејли и УСАИД од администрацијата на Обама насочија широкопојасна дестабилизација против владата и народот на Македонија, изјави екслузивно за „Гласот на народот со Слободан Томиќ“ на Радио Слободна Македонија, Вилијам Маршал, виш инспектор на „Џудишал Воч“, американска организација посветена на демаскирање на криминалите на Сорос, и на машинеријата на Клинтон и Обама.

vilijam-marsal

Маршал вели дека Македонија е важна не само за откривањето на активностите на Сорос во Македонија, но и за сите нас кои не’ инспирираше во Џудишал Воч да лансираме таканаречен неформален „Центар за истражувања на Сорос“.

-Започнавме истрага за активностите на Сорос во Албанија, и наскоро ќе го сториме тоа за Унгарија и на други места исто така, вели Маршал.

Задржувајќи се на ставот на претседателот Иванов, како и граѓанската иницијатива „За заедничка и унитарна Македонија“ која повеќе од 50-на дена ја изразува својата принципиелна определба за стоп на сите деструкции и дестабилизација на Македонија,како и отфрлање на Тиранската платформа како Документ на странска држава која има јасна цел, а тоа е редефинирање на Македонија, американскиот експерт и познавач на приликите смета дека е прекрасно оти храбри Македонци заземаат цврст став во однос на интригите на Џорџ Сорос.

-Многу години, Сорос и неговите следбеници и организации се обидуваат да дестабилизираат земји низ целиот свет. Неговите шпекулации со валути речиси ја уништија Банката на Англија во почетокот на 1990-тите години, што му овозможува да оствари профит од речиси 1 милијарда фунти. Оттогаш, тој само го шири неговиот малиген бренд на нарушување во целиот свет. Користејќи ја својата Фондација „Отворено општество“, тој се обиде да создаде хаос во Израел, Унгарија, Македонија и Соединетите Американски Држави, истакна итражителот.

Маршал додава дека Сорос е мизантроп кој, како што се открива преку хакирани  пораки на неговата организација, се обиде да елиминира закони кои се про-животот, против абортусот во земјите како Ирска, Мексико, Замбија, Нигерија, Јужна Африка и на други места. Ова е човекот кој се гордее со тоа што сака да ги уништи западните вредности.

-Случајот на Македонија, според мене, е одлична студија на случај за целиот свет за тоа како Сорос работи. Како што објави Џудишал Воч, Македонија ги илустрира субверзивните тактики кои Сорос ги користи за разгорување на граѓанска војна преку финансирање на организации, медиуми, улични активисти кои се впуштаат во уништување и насилство против полицијата и граѓанските институции и организации кои ќе обедини нихилистички анархисти со исламистички бунтовници. Ерозија на суверенитетот и независноста на земји се чини дека е животната дејност на Џорџ Сорос. Ние се сочувствуваме со македонскиот народ, предводена од страна на патриоти како претседателот Иванов, кој се бори против ова зло создадено од Сорос, потенцира Маршал.

Според него, тие треба да се пофалат затоа што имаат храброст да му се спротивстават на овој напад.

-Ние знаеме дека Сорос финансира слични организации во САД, како што се Блек лајвс матер (и црните животи се важни) и Женскиот марш на Вашингтон, кои демонстрираа против Претседателот Трамп. Господ Бог да го благослови Претседателот Иванов и сите Македонци кои се подготвени да го преземат овој предизвик, нагласува истражителот од Џудишал Воч.

Запрашан зошто се уште американскиот Претседател Трамп, не го повлече американскиот амбасадор од Македонија и покрај големите обвинувања на американски конгресмени и сенатори за можни сомнителни дејствија направени во Македонија на штета на државата, вели дека тие исто така се збунети зошто претседателот Трамп уште не ги замени амбасадорите како Џес Бејли и Доналд Лу, кои, како што вели, јасно дејствуваат на начин спротивно на американските вредности и интереси.

-Како што знаете, јас го повикав претседателот Трамп да го повлече амбасадорот Бејли и да го замени целиот контингент на персоналот на Стејт Департментот во Скопје. Моментално, мислам дека објаснувањето може да се најде во огромен број опструкции со кои претседателот Трамп се соочува од  страна на Демократска партија и политичарите во Вашингтон, од вкопаниот естаблишмент на Стејт Департментот – што верувам дека е прелиберален и анти-Трамп во своите политички ставови. Нашиот државен секретар, Рекс Тилерсон, се уште работи со скелетен персонал, бидејќи тој не е во можност да замени многу луѓе кои треба да се заменат, кои се задржани од ерата на Обама, едноставно поради таа демократската опструкција, посочи Маршал.

Тој смета дека друг проблем со кој Трамп се соочува е оти многу добри, способни, политички конзервативни луѓе кои би можеле да се искористат за да се пополнат тие работни места се воздржуваат да се приклучат на неговата администрацијата, поради, како што вели, огромната демонизацијата со која се соочуваат сите што се поврзани со администрацијата на Трамп.

-Јас имам 54 години и интензивно ја следам политиката најмалку 40 години. Никогаш не сум видел нешто слично на овој напад што се случува врз Трамп толку рано во администрацијата. Дури ни Никсон не се соочуваше со ваков вид на оцрнување толку рано во неговиот мандат, потенцира Маршал.