недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 92
home Вести

Викенд временска прогноза: Утре снег, од понеделник пресврт во времето

Времето во Македонија овој петок ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од – 4 до 7 Целзиусови степени.
Викенд временска прогноза: Утре снег, од понеделник пресврт во времето

Во Скопје максималната дневна температура ќе биде 5 степени, Крива Паланка 3, Маврово -4, Охрид 4, Битола 3, Кавадарци 5, Берово 1, Дојран 7.

Утре времето ќе биде променливо облачно, во северните делови и на планините со повремен слаб снег, ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во интервал од 1 до 7 степени.

В недела ќе биде облачно со дневни температури од 2 до 10 степени, а од понеделник ќе имаме потопло време со високи дневни температури од 5 до 14 степени.