петок, 21. септември 2018. Вести денес: 122
home Вести

ВИДЕО: Заев во Турција ги фалеше мерките за привлекување на странски инвестиции на ВМРО-ДПМНЕ

ВИДЕО: Заев во Турција ги фалеше мерките за привлекување на странски инвестиции на ВМРО-ДПМНЕ

Верувајте досега во Македонија во последните неколку години имаме повеќе од 27-8 странски инвеститори од кои што голем дел се турски компании, сите се задоволни од начинот на работење и соработка во Република Македонија, рече Заев на бизнис форумот во Турција со турските стопанственици кој се организираше по повод неговата посета на Република Турција. Заев ги испофали сите економски мерки за привлекување на странски инвестиции кои ВМРО-ДПМНЕ ги воведе, како што е политиката на ослободување од данок во период од 10 години и царински ослободувања.

Имено СДСМ и Зоран Заев за време на предизборната кампања за предвремените парламентарни избори жестоко ги критикуваше мерките на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за привлекување на странски инвестиции. Сега од позиција на власт го прави сосем спротивното, пред турските претприемачи и работодавачи ги промовираше мерките за привлекување на странски инвестиции спроведени од претходната власт.

Тој на бизнис форумот во Истанбул истакна: ,, Условите кои што ги нудиме за инвеститорите во Македонија се отприлика следните : Во првите десет години за секоја нова инвестиција во делот на производството овозможуваме десет годишно ослободување од корпоративниот данок или од данокот на добивка, значи не се плаќа воопшто данок на добивка во првите десет години. Исто така во првите десет години не се плажа и персонален доход на платата на работниците. Тоа се големи предности затоа што ако вие не инвестирате ние и така ги немаме тие даноци во нашиот буџет, но убедени сме дека со тоа отворате работни места и со тоа отворате работни места и го зголемувате севкупното производство во Република Македонија. Исто времено не застануваме овде, дополнително имаме обезбедено буџет од 55 милиони евра годишно за директна државна помош и поддршка на секоја инвестиција. За Македонија тоа се големи пари.’’