Вести

ВИДЕО: Тевдовски загубен во времето и просторот, цело Собрание му се смее и му се подбива, жестоко се расправаше со Тунтев и Џафери

Откако Тевдовски конечно пристигна, излезе на говорница целосно конфузен и неподготвен, што предизвика општа смеа и подбивање од сите пратеници.

Тензичен почеток на седницата во Собранието. Прво координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев мораше спротивно на Деловникот да предлага точка на дневниот ред поради доцнењето на министерот Драган Тевдовски, a потоа спикерот Талат Џафери нервозно им одговори дека поради доцнењето на Тевдовски не може така аматерски да предлагаат точки.

-Претставникот од Владата, министерот за финансии Драган Тевдовски не е тука, не можам да го чекам цел ден јас него. Он треба мене да ме чека, а не јас него, рече Џафери и ја премести оваа точка.

Откако Тевдовски конечно пристигна, излезе на говорница целосно конфузен и неподготвен, што предизвика општа смеа и подбивање од сите пратеници. По паузата, почна жестока расправа со високи тонови меѓу министерот Тевдовски и пратениците на СДСМ, а после тоа со жестоки критики кон Тевдовски се придружи и Талат Џафери.

Неодамна, Тевдовски се изрезили во телевизиско интервју каде имаше легендарна изјава:

-Практично, ако зборуваме за поврат на ДДВ, и јас тоа не го знаев, го сфатив кога влегов во Министерството за финансии, има бруто ДДВ, тоа е колку државата собира по основ на ДДВ, а во сите извештаи се известува нето ДДВ, тоа е бруто ДДВ, минус поврат – изјави Тевдовски.