вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 77
home Вести

ВИДЕО: Татко на седум деца од Берово завршил во затвор, за една количка дрва

ВИДЕО: Татко на седум деца од Берово завршил во затвор, за една количка дрва

Четири дена одлежал во штипскиот затвор за украдена една количка дрва. Ова е казната која ја добил Рушид од Берово, кој соочен со немаштијата и седумте гладни усти од неговите деца, се решил на ваков начин да го стопли семејството, објави televizijastar.

-Една количка дрва борови и ме фати еден господин ми пиша казна од 4 илјади денари и ме пратија на суд. За една недела бев на суд и им велам немам од кај да платам и ме пратија да одлежам и бев таму чистевме ниви и ако треба децата пак да ги стоплам пак истото ќе го направам – кажа Рушид Демировски.

Девет членото семејство Демировски со години живее на социјалното дно, а социјалната помош не може да им ги покрие сите потреби. Ова семејство не е на списокот за да користи народна кујна, а не прима ниту државна помош за трето дете.

-Тешко се живее, треба брашно, леб – вели Санела Демировска.

Соочени  со безизлез, тие бараат каква и да е хуманитарна помош.

-Не треба пари, кондури, јакни што имаат да дадат за да носат овие деца – вели Рушид.

Од Центарот за социјални работи во Берово истакнаа дека бараат начини да му помагнат на ова семејството и да го вклучат во народната кујна. Но, во моментв во Берово народната кујна ја користи 31 семејство за кое се делат 77 оброци, додека семејството на Рушид и на уште две повеќедетни семејства, нема оброци. Најавата е дека во текот на овој месец ќе се бара и зголемување на оброците кои се делат во народната кујна со цел да се задоволат потребите на 110-те приматели на социјална помош. Додека државата бара начин да ги промени парадоксите во системот и бројноста на семејството да не биде пречка за добивање оброци, се чека реакцијата на хуманите за семејството Демировски.