Вести

ВИДЕО: Страшни снимки од големиот пожар во скопско Кондово, дел од жителите ги напуштаат домовите

Голем пожар вечерва го зафати пределот над скопското село Кондово. Според она што може да се види од скопската обиколница зафатена е поголема површина ниска шума. Огнот се приближува кон првите куќи. Дел од жителите ги напуштаат домовите.

 

Огромната огнена стихија избега од контрола поради силниот ветар и го зафати прсторот помеѓу скопско Кондово и влезот во скопје кај Ѓорче Петров.  Огнената стихија е на само десетина метри од куќите и луѓето се самоорганизираат да се справат со пожарот.

На социјалните мрежи се шпекулира дека има и повредени лица, бидејќи на лице место можат да се забележат и екипи на брзата помош.