Вести

Веќе не знаат што прават: Владата го демантираше Заев, немало средба , но сега викаат дека ракувањето било состанок со Трамп

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека остварил средба со Доналд Трамп. Рече дека му ја изразил поддршката за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН, а и дека му посакал успешен старт на реформите на организацијата на ОН. Ова тврдење е лага, а тоа го потврдија и од македонската Влада денес.

Немаше директна тет-а-тет средба на премиерот Зоран Заев со американскиот претседател Доналд Трамп, посочија на утринскиот брифинг со новинарите од Секторот за односи со јавност на Владата упатувајќи на соопштението од владината прес-служба. Средбата, како што посочија, всушност е состанок организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп.

На брифингот беше посочено дека станува збор за несреќна формулација, која била споделена на фејсбук-страницата на премиерот Зоран Заев. Премиерот Заев беше во Њујорк за Генералното Собрание на ОН, придружуван од министрите за надворешни работи и за дијаспора, Никола Димитров и Едмонд Адеми, пренесе Макфакс.

КУРИР вчера побара одговори од партискиот портпарол Миле Бошњаковски. На нашите прашања во врска со средбата, тој одговори испраќајќи ни го линкот од Фејсбук статусот на Заев. Бидејќи избегнуваше одговор на повеќе прашања, му поставивме одново само две: „Колку траеше оваа средба“ и „Дали премиерот добил одговор од Трамп за работите кои рече дека му ги посочил“?  На овие едноставни прашања, од Владата немаа одговор речиси 24 часа.

Соочувајќи се со критиките од јавноста откако деталите излегоа во медиумите, Владата мораше да каже неколку зборови, па утрово призна дека Заев немал средба со Трамп.

КУРИР вчера објави дека меѓу Заев и Трамп се случи само едно кратко ракување и дека Заев со статусот ги лаже граѓаните.

ЗАЕВ ИЗЛАЖА: Немало средба со Трамп, само ракување од половина секунда, кое го фотографира Димитров

Во Њујорк сум за Генералното Собрание на ОН. На средбата со претседателот Donald J. Trump предмалку изразив поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН. Посакав успешен старт на реформите на организацијата на ОН, вака Заев на социјалните мрежи се пофали дека остварил средба со претседателот на САД. Вистинско прашање е како успеале толку да разговараат за помалку од една секунда.

Премиерот на Македонија, се обиде да ги излаже македонските граѓани дека остварил средба со претседателот на САД, Доналд Трамп на која било разговарано за неколку битни теми, но реалноста е дека за пола секунда ниту „здраво“ не може да се каже. Веќе следната секунда Трамп со поздравува со друга личност.

Инаку честа да биде фотограф на “средбата“ на премиерот Заев и Трамп, ја имаше министерот за надворешни работи, Никола Димитров.