Вести

Вечерва снег, а еве што не очекува од утре

Кон крајот на денот на планините и на некои повисоки места (800 м.н.в. а во северните делови снежната граница ќе се спушти и пониско) дождот ќе преминува во снег .

Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец, во текот на ноќта ќе се засилува.

Во текот на ноќта врнежите ќе бидат поинтензивни и ќе се прошират и во другите делови од земјава, а на планините во северозападните делови ќе се формира снежна покривка.

Утре под влијание на влажна и студена воздушна маса ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои повисоки места од снег, особено претпладне.

На повеќе места ќе дува засилен северен ветер, што ќе предизвика позначителен пад на дневната температурата.

Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кои на места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст.