вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 111
home Вести

Ванковска: Кога беше пучот врз Ердоган активисти на СДСМ навиваа да биде згазен, сега Заев насмеан до уши ќе се слика со него

Ванковска: Кога беше пучот врз Ердоган активисти на СДСМ навиваа да биде згазен, сега Заев насмеан до уши ќе се слика со него

Се сеќавам онаа вечер додека траеше обидот за преврат на Ердоган, како симпатизерите и активистите на СДСМ паѓаа во транс, врескаа на социјалните мрежи, навиваа Ердоган да биде згазен, па по тој терк и Грујо да падне – а сега, Заев се среќава со истиов, насмеан од уши до уши, веројатно да моли за некаква поддршка. Чудни случки, пишува професорката Ванковска на својот фејсбук профил.

Имено, кога беше пучот во Турција врз Ердоган, активисти и функционери на СДСМ, но и таканаречените “шарени револуционери“ навиваа на социјалните мрежи Ердоган да падне.  Сега  тие што беа главни протагонисти за падот на Ердоган молчат, кога нивниот лидер се слика со човекот кој го прогласуваа за крвник.

Сегашниот заменик министер за животна средина, Јани Макрадули, напиша дека очекува после Ердоган да го види паднат и Груевски.

Статуси против Ердоган напиша и Павле Богоевски, некогаш “шарен револуционер“, денес пратеник на СДСМ.

Братучедот на Шекеринска, Никола Наумоски, кој сега е вработен во град Скопје од страна на Петре Шилегов, исто така манифестираше омраза кон Ердоган.

Уранија Пировска и Стојанче Ангелов  исто така напишаа статуси на фејсбук по повод пучот врз Ердоган, а денес сите овие ликови молчат.