Вести

Вака ли се одвојува партијата од државата: Анѓушев на средба со директорот на САСА во придружба на кандидати за пратеник и градоначалник на СДСМ

Вицепремиерот Кочо Анѓушев вчера бил на состанок со директорот на рудникот за олово и цинк „САСА“ во придружба со претседателот на Општинската организација на СДСМ од Македонска Каменица, Иван Кузмановски, кој воедно и беше кандидат за пратеник на изборите во декември минатата година и кандидатот на СДСМ за градоначалник на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, пишува порталот Денешен.

СДСМ постојано зборуваше дека „ќе ја одвоиле државата од партијата“, но, како што може да се забележи на фотографијата, партиски функционери присуствуваат на состанок со владин функционер.

Неофицијално, на тој состанок е договорено рудникот да купува електрична енергија од хидроцентралата на Анѓушев која се ноѓа во близина на рудникот.

Инаку, посетата на Македонска Каменица покрај за унапредување на „СДСМ-Држава“ политиката на Заев, Анѓушев ја искористи и да се релаксира и да гледа натпревар во Куќата на фудбалот, направена од градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, а не од трибините како што тоа го прават сите обични луѓе.