вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 96
home Вести

Утре завршни зборови за случајот „Алмир“

Утре завршни зборови за случајот „Алмир“

Во Судот во Куманово утре ќе бидат изнесени завршни зборови на судењето против обвинетиот Бобан Илиќ, кого Обвинителството го гони за убиство на четиригодишниот Алмир.

Од Јавното обвинителство велат дека ги презеле сите потребни дејствија во врска со овој предмет и оти очекуваат да биде донесена пресуда базирана на правната и фактичка состојба.

Одлуката за овој предмет, како и за секој друг, како што посочија од Обвинителството на денешниот брифинг со новинарите, ја носат врз основа на доказите и примена на Кривичниот законик.

Обвинителството го товари обвинетиот Илиќ дека на 25 јуни 2016 година го прегазил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом.

Осомничениот, се товари дека го прегазил Алмир на улицата „Борис Кидриќ“. За истиот настан против три други лица, таткото на детето Седат Алиу, како и Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“.

Претставници на организацијата „Правда за Алмир“ денеска пред Јавното обвинителство на РМ потставија банер за Алмир.

– Поставивме банер за неправдата за Алмир пред Собранието на РМ, поставивме и пред ЈОРМ, иако овој банер беше предвидено да се постави пред Владата. Третиот банер ќе биде поставен пред Министерството за правда, велат од организацијата.