Вести

Управниот суд подлегна на притисоците: Се отфрлаат сите тужби на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“

Според првичните информации, Управниот суд до овој момент една по една ги отфрла сите тужби на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

 

Извори од судот велат дека досега се отфрлени 9 тужби во врска со одлуките на ДИК со кои се игнорираше очигледниот изборен криминал и нергуларностите во гласањето.

Управните судии во мачна и непријатна атмосфера тргнаа по линија на легитимирање на сите докази кои укажуваа на вишок или недостаток на гласачки ливчиња на голем број избирачки места и низа други нерегуларности. Овој процес на легитимирање на изборниот грабеж започна уште во ДИК која одлучи, нетранспарентно да го затвори процесот на сослушување на членовите на избирачките одбори и сведоците на изборниот криминал.

Од тие причини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ поднесоа 24 тужби за 45 избирачки места, од кои 37 се во Скопје.

Околу можноста и ДИК и Управниот суд да одлучуваат политички и под притисок се говореше многу порано кога Катица Јанева и СЈО директно се вмешаа во изборниот процес. ОД ВМРО-ДПМНЕ предупредија дека СДСМ преку СЈО врши притисок врз Управниот суд, во низа пресконференции од партијата предупредија на притисокот вршен од СЈО.

-СДС е исплашен дека граѓаните го препознаа хаосот што го креира Заев и дека ја губат поддршката пред локалните избори и затоа СЈО доби задача да се вмеша и да се обиде да влијае на изборниот процес. СЈО направи правен преседан. Покрена постапка против пет судии од Управниот суд заради нивно слободно судско уверување. Судскиот совет надвор од секаква правна логика им го одзеде имунитетот на судиите. Одлука која е резултат на потклекнување на притисок, отколку што е резултат на некакви аргументи. Одлука која испраќа порака до сите судии дека може да одговараат за секоја одлука, доколку се разбира таа не е по волја на Зоран Заев и СЈО. Класичен политички притисок врз сите судии, а особено кон оние во Управниот суд кој одлучува по жалбите околу изборниот процес, потенцираше Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ во изјава пред СЈО на 25 август 2017 година.

Денес гледаме дека Управниот суд подлегна на притисоците на СДСМ, според наши информации блиски до судот дознаваме дека Управниот суд прегледал 1/3 од тужбите на ВМРО-ДПМНЕ и од сите разгледани до сега сите се одбиени. Седницата сеуште трае.