недела, 19. август 2018. Вести денес: 0
home Вести

Укината забраната за камиони на Буково- еве каде трае се уште

Укината забраната за камиони на Буково- еве каде трае се уште

На патот Ресен-Охрид преку превојот Буково изутрина во 9:25 часот е укината забраната за движење на тешки товарни возила, информира Автомотосојузот на Макеоднија (АМСМ).

Претходно, во девет часот престана да важи забраната за камиони на Пресека, а од седум часот на Ѓавато.

Во сила се забраните за сообраќаат на камиони на патните правци Струга- граничен премин Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – село Колари и обратно, додека на Тетово- Попова Шапка има забрана за тешки товарни возила и автобуси.

Поради нова лавина во близина на Бигорскиот манастир изутрина од шест часот повторно е блокиран патот Маврово – Дебар, а од саботатата одрон целосно го затвори  патот Кочани – Македонска Каменица.