Вести

УХМР со најнова информација, еве во кои делови од Македонија има пороен дожд и електрични празнења

Во овие моменти нестабилно време има северно од Куманово, просилени пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.

Локални врнежи од дожд со засилен ветер има на повеќе места и се проследени со електрични празнења. Слаби врнежи од дожд има во југоисточниот дел од земјава, велат од Управата.

Од УХМР информираат дека се очекува нестабилноста постепено да се намалува во текот на ноќта.