Вести

Цветановски: Укинувањето на екстерното и Кембриџ програмата се уназадување на образовниот систем

Укинувањето на екстерното тестирање ќе се одрази на многу генерации. ВМРО-ДПМНЕ како партија не мисли кусогледо, туку гледа стратешки за подигнување на свеста кај секој човек, вклучително и на најмладите бидејќи од нив потекнува иднината, вели професор др. Гоце Цветановски на денешната трибина на Комисија за образование и наука при ВМРО ДПМНЕ.

 

-За жал, со укинувањето на екстерното тестирање само се покажа неспособноста на кадарот на СДСМ кои сакаат да се вратат во времето кога требаше на заобиколен начин да се стигнува до ефекти. ВМРО-ДПМНЕ има своја програма и навистина темели кон вредности кои се трајни, кои не се од краток век, истакнува тој.

Според Цветановски, втората непопуларна мерка на СДСМ е укинување на Кембриџ програмата.

-Ова е уназадување на образовниот систем, а преку тоа и на целокупното општество. Ако ја укинаа Кембриџ програмата тоа значи враќање во едно старо време кога вредностите беа изопачени, кога непотизмот владееше. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ почнаа промените, од 2006-та година.Ваквата непопуларна мерка ќе придонесе за уназадување на процентот на образование и со ова само е направена штета на најмладите. Со укинувањето на екстерното тестирање веќе ги покажаа своите насоки каде сакаат да се движат, а со укинување на Кембриџ програмата образованието ќе претрпи уште еден удар, нагласува Цветановски.

Тој додава дека не може СДСМ да се вади дека ова било некомпатибилно со нашето општество.

-Зарем сакаме да си ги понижиме сопствени ученици,  деца? Во Велика Британија од 5 годишна возраст се подготвуваат за Кембриџ систем, таму само во Лондон има над 160 училишта кои ја спроведуваат оваа програма. Зарем мислат дека нашите деца се неспособни на 7 годишна возраст да го прифатат сето тоа, начинот на размислување?, вели Цветановски.

Професорот заклучува дека ако Македонија се залага за проевропско општество тогаш треба да се прифатат и вредностите, но не и да се пресликаат.